БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кандидат кој сака да обедини: Д-р Стојменовски ги повика сите политички фактори во Делчево на средба и дијалог пред почетокот на кампањата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ упати свој повик кон сите политички фактори во Делчево на заедничка неформална средба во јавен угостителски објект во среда 22.09.2021 година.

Според Д-р Стојменовски средбата ќе биде фо функција на развој на политичкиот дијалок во конструктивна насока за остварување на фер и демократски изборен циклус кој што претстои од 27 Септември.

Тој го повика актуелниот градоначалник и негов против кандидат Горан Трајковски, носителите на кандидатските листи за советници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица како и претседателот на ОО СДСМ Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Пред официјалниот почеток на предизборната кампања за локалните избори 2021 година, со желба за фер и демократска предизборна атмосфера, го повикувам мојот опонент, кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Трајковски на неформална кафе средба во среда 22.09, во 17 часот во Валиум кафе, заедно со носителите на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица, Сашко Ивановски, Гоце Попов и Сања Николовска, како и претседателот на ОО на СДСМ Влатко Величковски. Дијалогот во политиката е одлика на демократските вредности и доблеста која ја имаат политичките чинители. Фер и демократска камања е одлика на зрели политичари кои имаат јасни и искрени цели, кои без притисоци врз граѓаните ќе успеат да ја добијат поддршка.

Да покажеме дека сите заедно сме за слободни и фер избори, без неправилности, без уцени, за доброто на граѓаните.”

-соопшти преку социјалните мрежи Кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace