БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Што ќе ни донесе 17 Октомври и што потоа

Пренеси го гласот

На 17 октомври оваа година ни претсојат локални избори. Ова ќе бидат први локални избори после потпишувањето на Преспанскиот договор и сите уставни измени кои произлегоа од Договорот во Преспа.

Ова ќе бидат први локални избори во применуваната татковина, на која сегашниве со помош на  група предавници и го променија историското име. Ова ќе бидат први локални избори во време на светска пандемија кога КОВИД 19 безмилосно коси пред себе.

Ова треба да бидат и најважните локални избори на кои конечно како нација треба да покажеме политичка зрелост и писменост и да ја испорачаме казната за сторените гревови. Но за жал, судејќи според моменатлната поставеност на нештата, далеку сме од политичка зрелост, за тоа ќе ни бидат потребни уште неколку години или барем уште две лекции кои национално ќе не деградираат. Затоа народе, судбината и иднината на Македонија се во наши раце!

Фингерајот што во моментов се случува олицетворен во политичката наместо статистичка операција „Попис“ и локалните избори кои ни се пред врата не смееме да дозволиме да бидат темел за кантонизација на Македонија. Затоа се потребни силни тектонски поместувања на политичката сцена посебно во македонскиот политички блок.

Богатата понуда на градоначалнички кандидати и големиот број на советнички листи во голем дел од општините оставаат простор за национално будење и преродба која би била единствениот спас. Бројните независни кандидати и независни советнички листи се одреден показател дека работите може да се менуваат и постои таква енергија кај народот. Куманово, Долнени, Радовиш се само дел од општините во кои независните кандидати имаат одличен рејтинг и поддршка од своите сограѓани.

Сепак и на овие локални избори битката за совети и градоначалници во најголем дел од општините ќе се води помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот политички блок и ДУИ  и Алијанса – Алтернатива  во албанскиот блок. И кај едните и кај другите дискутабилен е квалитетот на советничките листи во однос на интелектуалниот потенцијал, но сепак е на едно задоволително ниво.

Она што е се поизвесно на овие локални избори е фактот дека Левица може да им ги помати математиките на најголемите ривали во македонскиот политички блок и барем во неколку општини да направи изненадувачки резултат. Тоа би значело дека во овие општини, токму од Левица ќе зависи кој ќе формира Совет.Во тој дел важноста на Левица би била најнагалсена во Велес, Карпош, Дојран, Гевгелија.

Од друга страна квалитетната кадровска понуда на коалицијата ДОМ и ЛДП дополнително отвора дискусија, посебно за општини како Битола, Аеродром, Кисела Вода, но и на ниво на град Скопје.

Во однос на албанскиот политички блок, овие локални избори ќе најават јакнење на капацитетите на коалицијата Алијанса-Алтернатива на сметка на ДУИ. Затоа и природно очекувано би било Тетово и Чаир да добијат градоначалници од редовите на коалицијата Алијанса – Алтернатива.

И покрај тоа што кампањата официјално не е започната и ќе започне за една недела, веќе одамна длабоко сме навлезени во кампањата за предвремените парламентарни избори, а ја водат и партиите од позиција на власт и партиите од опозиција. Она што е извесно е тензијата и напнатоста која од ден на ден е се понагласена. Реториката се заострува, а не се бираат ниту средства ниту начин за да се постигне целта.

bregalnickimarketing

Факт е дека квалитетот на политичкиот центрус се намалува, меѓупартискиот реваншизам е пуштен на максимум, затоа и ќе имаме црна кампања која долго ќе се памети и ќе остави белег во колективната меморија.

Земајќи го во предвид фактот дека институцијата избори се злоупотребува и банализира и дека политичарите ја киднапираат власта од народот со самото тоа што ги ставаат пред свршен чин да го поддржат или не изборот на кандидатските листи кои лидерите си го направиле, сепак, власта произлегува од народот. А народот суди и пресудува. Колку и да му се умилкувате на народот, некои грешки никогаш не се простуваат!

Извесно е дека на 17 октомври ќе има смена на политичката елита.

И без предизборна кампања таа смена е неизбежна и ќе се случи. Ќе се случи поради се она што се случуваше од 27 април 2017 до сега. Поради сите кардинални грешки. Поради непочитувањето на волјата на народот. Ќе се случи поради се што се вети, а не се реализираше.Ќе се случи поради слабите резултати на локално ниво кои оваа гарнитура градоначалници ги покажа.Но најмногу… Поради сите предавства!

Пишува: м-р Десанка Николова

Креирано од:


Пренеси го гласот