“ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Hristijan Mickoski , на денешната прес-конференција многу прецизно ги дефинираше стратешките интереси на државата во овој судбоносен период и даде решенија како истите да бидат остварени. Јасно ги лоцираше сите проблеми што ги мачат македонските граѓани без разлика на нивната етничка или друга припадност, јасно ги разобличи погубните и криминални делувања во секоја област, ги дефинираше многу точно сите аномалии на системот, ја опиша целата бездна во која е втурната државата. Политиката на рулет на Заев не даде никакви резултати. Покер партијата во која Заев ја стави во залог целата држава и сите нас е казнета со референдумското НЕ кое Заев го доби од еден милион и двестотини илјади граѓани кои апстинираа од гласање поради тоа што не се согласуваат со него и неговиот лузерски однос кон најважните национални прашања и интереси на државата.
Македонија тоне во криминал, во фалсификувани изборни процеси, Македонија тоне на сите полиња, граѓаните никој не ги заштитува, оставени се сами на себе и со надежта дека ова политичко цунами ќе престане ден ако не и час поскоро. Наместо лажната амнестија која СДС му ја припишуваше на Мицкоски како негово барање во текот на целиот изминат период, Мицкоски денес им одговори, ајде да расчистиме на транспарентен и објективен начин со сиот криминал, доста е со политизацијата на правдата и со селективниот однос кон правото и правдата, ајде да оформиме независно обвинителство на чело со независен обвинител надлежен да ги испита сите прислушувани разговори на неполитички и професионален начин, ајде да се справиме еднаш засекогаш со заробената правда и со полтронизираното судството.
На Македонија и на граѓаните им треба нормална држава со функционални институции и со правосуден систем кој во секое време ќе даде вистинска заштита на човековите права и ќе биде бедем чувар на правната држава. Мафијата во политиката мора да си оди, криминалците не смеат да бидат заштитени мечки и да ја водат државата. Тие треба да бидат најнапред делегитимирани а потоа и отстранети од политичките функции. На Македонија и се потребни чесни политичари кои ќе работат во име и во интерес на граѓаните и за доброто на сите!”
– Анализира Каракамишева.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар