• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

Каракамишева – Нема да ви пројде, вие љубители на овој национален хорор филм

август 2nd, 2018 Македонија коментари 511
Каракамишева – Нема да ви пројде, вие љубители на овој национален хорор филм

“ Значи вака, иако многу работи, да не речам се е јасно како бел ден, мое е, наше е што правно повеќе ги разбираме работите да повторуваме, објаснуваме, прежвакуваме повторно и повторно за да превенираме секаква опасност луѓето во овие клучни моменти за државата да бидат (о)ставени во заблуда и забуна! Заблудата за и околу историскиов момент лесно може да прерасне во заблуда и забуна за иднината и за нашето национално разнебитување ако не реагираме на време и со здрав разум! Да не биде после ама не разбравме добро затоа гласавме по инерција, или ете бевме поведени од силата на пропагандата која навистина е пуштена на илјадници децибели од дебили! Не, ќе немаме уште еднаш таков луксуз за правење наудрени иако за волја на вистината нашата нација знае да биде европски рекордер во тој спорт! Затоа, молам за внимание и сериозност при читањето на текстов!

Прво и основно треба да е јасно дека сите генерации што во моментов имаат избирачко право во земјата се ставени и исправени на пресуден крстопат на кој никогаш повторно нема да бидат ако се донесе погрешна одлука! А одлуката што ни ја токмат властопредавнициве е кобна за сите Македонци по род без разлика каде живеат или каде во моментов работат и престојуваат. Во пакет, сите ќе бидеме приморани од „демокративе“ во име на некои као „повисоки вредности“ кои никој не ги гледа како дофатлива категорија, да прифатиме една идиотска вистина дека влезот во „демократското“ семејство, колку и да тоа изгледа очајно и трагикомично сега е правопропорционално поврзан со нашата итна, неодложна потреба да се самоукинеме, самоуништиме и така зомбирани да веруваме во некое подобро утре, секако со нови, лоботомирани северни мозоци! Еве и да не сакам да отидам понатаму во објаснувањето на налудничавите тези, верувајте дека самиот пристап кон нас како кон живи битија, како кон луѓе навредува и потценува до бесвест! Замената на тезите и извитоперувањето на вистината, на фактите, на меѓународните норми што важат за сите луѓе на земјината топка, ама не и за нас Македонците е тоа што го прави овој дегенски проект уште поболен и посрамен! Во име на некаква демократија, иако и демократијата во моментов се наоѓа превртена во нејзиниот вечен гроб, се продава чист садизам, чиста садо-мазо егзибиција на пропаднатиот неолиберализам претставен преку подвижните скелети на малубројната „елита“ која ни се точка по институциите како на кванташки пазар, нудејќи бофал роба во замена за здрав разум! Умислени дека се се уште дрматори на европската сцена тргнале во походот на конечно справување со најстарата империја во Европа, со народ запишан триесетина пати во Библијата, со луѓето потомци на генерациите што го донеле христијанството во Европа! Комплексите дека се луѓе со пониска историска вредност ги јадат од внатре нивните души како црви! Оттука и им доаѓа потребата да не омаловажат до бесвест, да не згазат со цокулите, да не распнат на вечниот крст за никогаш повеќе глава да не успееме да дигнеме! Тоа е таа „демократска“ шизофренија која мантрачите на злите духови ни ја шират како вечна судбина и како вечна иднина! Но, да се вратиме на суицидното дело за кое бараат од нас хвалоспевски да се изјасниме, а се со цел тие да останат чисти, а ние да бидеме прогласени за народ со крвави раце! Демек еве ги самите си пресудија, сами на кол се набија! Ние не сме виновни за тоа! Ете тоа е таа расипана, во душата смрдена стратегија што удира од далеку на странска реа ама сепак мора да звучи, да мириса на домашна, мора да мириса на нас самите, иако ние сме само статисти во нејзината подготовка и комплетна реализација! Сега кога им треба сапун или течен шампон да си ги измијат крвавите раце од стореното геноцидно злосторство без срам и без перде ќе го викаат на помош народот што го убиваа на рати, пополека и садистички за да изгледа дека токму тој народ, всушност, се доутепал самиот, а тие фини либерално намирисани остануваат чисти и без дамки по нивните бели ракавици! Ееее, нема да пројдете така нечепнати, вие љубители и подготвувачи на овој национален хорор филм во Македонија во повеќе продолженија! Вала нема така лесно да се измолкнете од сценариото! Па што мислевте бре дека Македонците се до тој степен луди што ќе ви дозволат да мачкате со вашите зли опашки по нивната историја, традиција и име? Не бе, не со тие куршуми „пријатели“! Колку и да ви е желбата голема, а умот мал, ние Македонците ви ја прочитавме големата игра и верувајте нема да ви дозволиме таков Мулен Руж да играте со нас дури не држи умот, а богами и животот! “

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава “Тажачка за непобедените” (ИЛИНДЕН 1903-1944-1991)
Следна објава Дали членот на ДИК, Кондарко повика на бојкот на раферендумот?
Може да Ве интересира:
Најава за протест на здружението Аманет 1903-та пред Владата во Скопје
Македонија

Најава за протест на здружението Аманет 1903-та пред Владата во Скопје

март 6th, 2021 28
Превработеност во ЈКП "Солидарност" Виница а вработените немаат земено плата 2 месеци, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Превработеност во ЈКП "Солидарност" Виница а вработените немаат земено плата 2 месеци, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ

март 5th, 2021 106
Дали "Република Македонија" на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?
Македонија

Дали "Република Македонија" на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?

март 2nd, 2021 154
Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

март 2nd, 2021 466
Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе
Македонија

Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе

март 2nd, 2021 154
Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

март 2nd, 2021 201
Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба
Македонија

Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба

јануари 31st, 2021 32
"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му

јануари 29th, 2021 1372
Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ
Македонија

Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ

јануари 25th, 2021 173
Facebook Comments
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

16
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

35
Најнови објави
Мар 6th 1:12 AM
Регион

Кандидатка за советник од СДСМ си го бара ветеното вработување во М. Каменица

Мар 6th 12:57 AM
Македонија

Најава за протест на здружението Аманет 1903-та пред Владата во Скопје

Мар 5th 8:01 AM
Став

Ковачки: Што е бре ова лигавење и самопонижување? За што сте платени од македонските граѓани, да коленичите или да се борите?

Мар 5th 7:30 AM
Став

Дали и Азески е “седнат во скутот на Заев”? Лажно ја обвинува опозицијата за лошата состојба на компаниите

Мар 5th 6:58 AM
Македонија

Превработеност во ЈКП “Солидарност” Виница а вработените немаат земено плата 2 месеци, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ

Мар 4th 7:23 PM
Твитеризам

11 години вмро, акаунт не ми суспендираа. Дојде живот и отиде акаунтот.

Мар 4th 6:19 PM
Политика

Порталот “Во центар” на Васко Ефтов манипулира јавно во обид за девалвирање на Христијан Мицкоски

Мар 4th 3:01 PM
Глас од истокот

Зборувај Никола, зборувај за Мицкоски, ама зборувај за се, вклучително и за себе

Мар 4th 1:20 PM
Политика

Ново задолжување со Евро-обврзница. Банкротирана држава

Мар 3rd 2:58 PM
Политика

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за престанување на важењето на Законот за попис на Зоран Заев и Али Ахмети

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Сепак Коцарев бил во право: Програма за укинување на катедрата по Македонски јазик е дел од програмата на Деканот на Филолошкиот факултет "Блаже Конески"
Наука

Сепак Коцарев бил во право: Програма за укинување на катедрата по Македонски јазик е дел од програмата на Деканот на Филолошкиот факултет "Блаже Конески"

Мар 3rd, 2021 920
Ковачки: Што е бре ова лигавење и самопонижување? За што сте платени од македонските граѓани, да коленичите или да се борите?
Став

Ковачки: Што е бре ова лигавење и самопонижување? За што сте платени од македонските граѓани, да коленичите или да се борите?

Мар 5th, 2021727
На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Мар 1st, 2021486
Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

Мар 2nd, 2021465
Зборувај Никола, зборувај за Мицкоски, ама зборувај за се, вклучително и за себе
Глас од истокот

Зборувај Никола, зборувај за Мицкоски, ама зборувај за се, вклучително и за себе

Мар 4th, 2021430
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
Monica Bellucci 15
4-35-713x1024
28-09-2018-1538200394
Monica Bellucci 32
burning man 2017 18
30-05-2018-1527684384
Kelly Brook 35
11-23-753x1024
laura-wells 39
30-05-2018-1527684339
glamour 055
11-09-2015-1441991097
received 471182923687363
1-37-724x1024
10-54
Monica Bellucci 49
Jason Statham 02
burning man fest 002
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.