Кардиналот Френсис Аринзе се спротивстави на левичарските религиозни водачи кои што ја туркаат масовната миграција, апелирајќи кон луѓето од западот да почнат да ги охрабруваат младите Африканци да останат во своите домови во нивните земји во Африка.
86 годишниот Аринзе, кој што беше еден од главните советници на Папата Јован Павле Втори, за весникот “Catholic Herald” изјавил дека
Европејците мора да престанат да ја охрабруваат миграцијата на младите Африканци. Тие се потребни на Африка.
Аринзе изјавил дека се наштетува на Африканските земји поради тоа што младите луѓе бегаат во јата.
Најдобриот начин земјите во Европа и Америка да помогнат на Африка не е со охрабрување на младите луѓе да дојдат во Европа, овозможувајќи им да мислат дека Европа е рај-место каде парите растат на дрвја-туку со помагање на земјите од каде што тие доаѓаат.
-изјавил тој при што додал
Подобро е кога некој ќе остане во својот дом и ќе работи таму.
Кардиналот упатил сомнеж во мотивите на владите на овие Африкански земји од каде потекнуваат овие масовни групи на мигранти зошто тоа воопшто го дозволуваат.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти