БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Венко Филипче повикува на партиски работни групи да го следат процесот за изградба на клинички. Јавноста реагира

Пренеси го гласот

Во фејсбук објава Министерот за здравство во владата на Зоран Заев ги повика претставниците на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници да учествуваат во работата на телата вклучени во проектот за изградба на новиот Клинички центар.

Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на Нов Клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање на политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи.

-стои во објавата на Венко Филипче.

На ова реагираа граѓани со свои коментари.

Читам и не ми се верува! 
За 7 години од се што имам прочитано за тоа како се планира, проектира и како се гради клинички центар, ама баш никаде нема ПАРТИСКИ работни групи!!! 
Па дали сте вие нормални???

-стои во еден од коментарите на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот