БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почна масовен процес за обединување на Македонците во светот против северна. Објавен Манифестот за обединување

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од страна на Координативното тело на Македонците во Европа објавен е Манифест за обединување на Македонците во Македонија и во целиот свет во борбата за спас на Македонија.

Во продолжение во целост го пренесуваме овој документ потпишан од Координативното тело на Македонците во Светот.

МАНИФЕСТ
Го повикуваме македонскиот народ во Македонија и светот да ни се придружи во нашата борба за спас на Македонија и македонскиот народ составена од партии, здруженија и организации на Македонците во светот, со заедничка цел преточена во следниве точки:

1) Поништување на штетните договори од Преспа, договорот за соработка со Бугарија и Тиранската Платформа и понесување пред лицето на правдата на одговорните за предавството на македонскиот народ.

2) Ослободување и обесштетување на уставобранителите на македонскиот народ и
цврсто владеење на правото, правната државата и демократските вредности, почитувајќи го јасно искажанато мислење на мнозинството од македонскиот народ.

3) Стимулирање на раст и развој на македонската економијата преку поттикнување на обемот на сите инвестиции, зголемување и поддршка на производството, извозот, како и зајакнување на конкурентноста на македонската економија во интернационални рамки.

4) Подобрување на здравствените и социјалните услови и нивно усогласување со
воспоставените водечки светски стандарди.

Документот е усвоен во Манастирот Св. Ѓорѓи во Повардарската епархија под надлежност на Митрополитот Агатангел.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace