БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба Мицкоски- Овен Паун- Директор на ИРИ-Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Директорот на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија, Овен ПАун.

Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението до јавноста по повод остварената средба:

Денеска остварив средба со г. Oвен Паун директор на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија и претставници од ИРИ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија како и за можните форми на соработка и потенцијалите
кои постојат.

Ја истакнав бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на Специјалното јавно обвинителство во истите. 
Посочив дека Законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тој мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена рака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт.

Исто така посочив дека во изминатите две години
македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата.

Одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продлабочи.

-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace