Еден од најубаво уредените кејови на водотек можеби и во државата е Кејот на Каменичка Река во Македонска Каменица. Регулацијата изградена од природен камен, оплеменета со лачни мостови и богато партерно и хортикултурно уредување претставува вистинско место за рекреација и одмор во централниот дел на Македонска Каменица.
Ваквата идилична слика во наредниот период ќе добие свој нов шмек преку изградбата на новото јавно осветлување кое што ќе му даде нова убавина и функција на самиот кеј. Темницата по должина на кејот ќе биде минато а граѓаните ќе может во свежите летни вечери да се релаксираат покрај свежината на водите од Каменичка Река.
Овој проект за граѓаните беше најавен од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски уште во рамки на неговата предизборна кампања како едно од поважните ветувања за граѓаните:
“Започнаа земјени работи за изградба на осветлување на кејот на река Каменичка. Ова е еден од неколкуте големи проекти на кои работи Општина Македонска Каменица во овој период и очекувањата се дека активностите ќе бидат комплетно завршени до крајот на август.
Каменица ќе блеска!
Продолжуваме посветено!”
-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица на почетокот на реализацијата на проектот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски