Во актуелната севкупна криза и безредие во државата сред Македонија некому му текнало да посади цела плантажа на отворено со марихуана.
Запленети над 15 илјади стебла со пазарна вредност од над 5 милиони евра е билансот од вчерашната акција на МВР во Карбинци со тројца уапсени жители од оваа рурална населба во Брегалничкиот регион.
“Претреси во штипско, пронајдени 15.500 стебла марихуана со вкупна вредност од над 5 милиони евра, приведени три лица
Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022) на подрачјето на општина Карбинци, штипско, од страна на полициски службеници Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип лишени од слобода Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од с.Карбинци, штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.”
-соопштија во информација за јавноста од МВР.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија