Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Кичевчанец претепал малолетно дете до отекување, надлежните молчат за случајот

Пренеси го гласот

На социјалните мрежи мајка од Кичево алармира за инцидентот во кој нејзиниот осумгодишен син бил претепан од страна на возрасно лице во училишниот двор на 17 ноември. Иако алармирала кај надлежните служби се уште нема разврска за пронаоѓање на сторителот на овој монструозен чин.

“Решив оваа објава да биде јавно објавена, за од уше во уше да појде кај ” господинот ” кој за една детска игра ( верувам и тој како малечок си играл така) решил да дели правда. Тој веќе мене ме знае, а јас него не и многу сакам да го запознаам.

На ден 17.11.2023 после долги и упорни ѕвонења на син ми кој после часови беше излезен со другарчиња да си игра, во 14.15 ми се јавува целиот расплакан и растревожен и ми кажува дека е оставен во училиштето каде што учи. Појдовме со сопругот, го зедовме и ни кажа дека некој го натепал. Абе пријателе не си го натепал ти, туку си го здробил, си го отекол. Па тоа дете има родители колку што си разбрал, па зошто не го донесе дома, па да се разберевме како луѓе? Или си познат ептен што полицијата не мрдна со уше, оти истиот ден те пријавив тебе непознат манијаку. Ни шумската полиција не сака да те каже што те сретнала уз пат. Замисли ни служителките во училиштето кај што си го предал син ми не сакаат да кажат ништо, мислеле дека си му татко..ахахахахах…смешен ми е делот со таткото оти нас не познаваат, секој ден се гледаме, башка комшии сме. Абе вака арен си ти повеќе од пола час да малтретираш 8 годишно дете или не си, да го влечкаш истото добри 200-300 метри и да му се закануваш дека ќе го утепаш ако се јави на моите упорни повици? Изгледа не си арен. За потрагично да биде, полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките, празни ветувања добив па истите исчезнаа, исто и со директорката, сакала само службено.

Затоа мислам дека си некој битен, ама сепак те замолувам да се видиме оти имам едно пакетче вентил капици за тебе, оти за истите си го шамарал, боксувал и клоцал син ми. Се надевам дека ќе се запознаеме.

Поздрав.

bregalnickimarketing

П.с. секоја чест на исклучоци, вам ви благодарам за соработката, но сепак е без успех. Да не ве именувам, си се знаете кои сте. Љубов до вас.❤️

-стои во фејсбук објавата на мајката од Кичево која стравува за безбедноста и здравјето на нејзиниот син, но и е крајно револтирана од игнорантскиот однос на надлежните служби кои се должни да го разрешат овој инцидент и да го санкционираат сторителот.

Креирано од:


Пренеси го гласот