БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кина приземји истражувачка сонда на темната страна на Месечината

Пренеси го гласот

Кинеската вселенска сонда Ченг е-4 успешно слета на темната страна на Месечината вчера во 10.26 часот по Пекиншко време. Ова е прво меко слетување досега спроведено на претходно необележани територии.

Темната страна на месечината никогаш не е видлива од Земјата поради феноменот “плима позиционирање”. Сондата успеа да ја испрати на Земјата првата фотографија од близу од темната страна на Месечината со помош на делечински управуваниот сателит Куегиао (Magpie bridge) кој се движи во орбитата околу втората (L2) точка на Земјино-Месечевиот систем.

Сондата Ченг е-4 во која е вклучен приземјувачот и подвижен ровер се очекува да врши истражувања на минерелниот состав и плитката лунарна површинска структура на темната страна на месечината, како и да спроведе набљудувања со ниско-фрекфентни радио бранови.

Со ова ќе се постигне клучен чекор во откривањето на мистериозната страна на Месечината, која што никогаш се нема свртено кон земјата.

Точната регија каде се спушти синдата е наречена “Кратер на Вон Карман” кој што е со ширина од 24 илјади километри и околу 13 километри длабок.

Кинеските научници веруваат дека со приземјувањето на оваа сонда ќе успеат да соберат нови информации за подповршинските слоеви на површината на Месечината.


ФОТОГРАФИЈА СНИМЕНА ЗА ВРЕМЕ НА СЛЕТУВАЊЕТО НА СОНДАТА ЧЕНГ Е-4

Еден од клучните предизвици на оваа мисија и цел на овој проект е да се валидизира комуникациската технологија преку далечински сателит кој што беше лансиран во Мај 2018 година за да овозможи комуникација меѓу контролерите на земјата и Ченг е-4 сондата.

Оваа вселенска сонда беше лансирана од земјата пред речиси еден месец на 8-ми Декември 2018 година од југозападниот кинески лансирен центар за сателити во Ксичанг.

Креирано од:


Пренеси го гласот