БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Клековски: Фондот се согласи со зголемување на платите во јавно здравство

Пренеси го гласот

По повеќе средби, утрово Фонд за здравствено осигурување на Македонија даде согласнотс на барањето на двата репрезентативни синдикати, ССМ гранков синдикат за здравтсво и КСС – ССКЦ, за зголемувањето на платите во јавно здравство, и за тоа го информиравме Министерството за здравство.

Со синдикатите постигнавме согласност дека сега треба да се даде приоритет на зголемувањето на платите, во согласност со спогодбата со Владата од 16 ноември 2024 година, и тоа зголемувањсе да биде линеарно за сите вработени во јавното здравство и зголемувањето да биде од март 2025 година.

Сите други отворени прашања, барањата за корекции за групи на работни места, за одредени установи и слично, се договоривме да бидат решавани во следниот период, за што е неопходно работната група на Министерството за здравство составена од нивни претставници, Фондот и синдикатите, да продолжи со работа на нов Колективен договор, за што треба да се анализираат и споредбени искуства од референтни земји.

Благодарност на двата синдикати, со кои дијалогот започна уште во јули 2024 година, во првиот месец на мандатот на ова раководство на Фондот. Со конструктивност во социјалниот дијалог до подобри услови за здравствените работници!”

-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на Дирекотрот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија Сашо Клековски.

Креирано од:


Пренеси го гласот