Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска се сретна со стручниот тим и дел од младите спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Светската и Европската Гимназијада за основни и средни училишта, која ќе се одржи од 4 до 14 април 2025 година на Златибор, Србија.
На овој голем спортски настан, на кој ќе учествуваат над 4000 спортисти од 55 земји, Македонија ќе биде застапена со 60 спортисти во четири спортови: кошарка, одбојка, атлетика и пинг-понг.
Настапот на младите македонски спортисти на Гимназијадата на Златибор е под покровителство на Министерството за спорт во соработка со Сојузот на спортски федерации на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене