До нашата редакција пристигна службен документ фактура со испратница доставени од економски оператор до Јавното Коминално Претпријатие “Брегалница” Делчево за наплата на резервни делови набавени за потребите на претпријатието . Изворот кој што во функција на јавниот интерес сака да остане анонимен алармира дека станува збор наплата на фактура за резервни делови наменети за службено возило трактор кој што пред извесно време беше запленет од страна на полицијата поради прекршување на непоседување на валидни патни исправи за користење на ова возило во службата на претпријатието.
Од вака приложените документи со датум на испратница од 13.03.2025 година за набавка на резервни делови за службено возило кое што е запленето од МВР еден месец претходно на 14 февруари 2025 година, се наметнува прашањето зошто менаџментот на ЈКП “Брегалница” Делчево набавува резервни делови за трактор кој што е запленет и ставен вон употреба од страна на полицијата поради прекршување на законот?
Дали на ваков начин доколку е извршено плаќање на оваа фактура не се предизвикува штета на буџетот на јавното претпријатие во Делчево од страна на одговорните лица поради недомаќинско работење, е прашање со кое најверојатно ќе треба да се позанимаваат и да дадат одговор надлежните истражни органи во Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга