БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Апасиев до Мицкоски: Вашата вербална дијареа не смее да ја попречи правдата за Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната седница за опозициски пратенички прашања постави прашање до премиерот Мицкоски во однос на селективноста на истрагата за трагедијата во Кочани, опасноста за несоодветни обвиненија, а Премиерот Христијан Мицкоски изнесе сомнежи за можен криминал во врска со купување на деловен простор од страна на партијата Левица во строгиот центар на Скопје по цена од 791 евро по метар квадратен пратеникот и претседател на Левица Димитар Апасиев објасни и одговори:

„Ова што Вие го правите, кога рипате од тема на тема само за да не кажете што сте направиле, стручно во реториката се вика „синдром на коза“ или уште постручно „вербална дијареа“ – зборувате за сѐ, само за она што Ве прашав не зборувате“ – кажа лидерот на Левица.

„Вашите часовници вредат повеќе од таа зграда и грешно Ве брифирале – Левица купи подрумски простории со приземје, а не цела зграда“ – објасни тој.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Вака ми се закануваше и Заев, еве Ве охрабрувам, да сум имал страв од вакви како вас, немало да се бавам со политика – уште утре да ми поднесете кривична пријава исто како што јас следната недела ќе Ви поднесам за кривично дело „Попречување на правдата“ и за стек на кривични деела „Оддавање службена тајна“ – одговори Апасиев на заканите на премиерот Мицкоски.

„И ова го кажува премиер кој доаѓа од партија, која во најсиромашната држава во Европа, е најбогата партија во Европа, побогата од партијата на Меркел! Ова го кажува премиер, чија што илегална „бела палата“ само за струја месечно плаќа 10.000 евра! Скријте се таму и немојте да зборувате Вие за поштеност“- потенцираше тој.

Мицкоски во текот на опозициските прашања изнесе дека обвинителот прв пат го сретнал на трагедијата во Кочани, алудирајќи на Гаврил Бубевски. На ова, Димитар Апасиев му покажа Препорака издадена во 2009 година од ВМРО-ДПМНЕ ОК Пехчево, на која се потпишани 8 членови на Партијата од комитетот во Пехчево, а со неа се препорачува вработување на Бубевски како јавен обвинител во Скопје: „Гаврил, тој што го сретнавте, што си намигнувавте таму, во 2009 година, Вашата партија го препорачала од тефтерчето на Гордето за да го вработат“ – кажа пратеникот од Левица.

Креирано од:


Пренеси го гласот