БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој и зошто во владата на СДСМ и ДУИ бега од изградба на клучните проекти за развој на Брегалничкиот Регион?

Дали сообраќајното поврзување со најголемите инфраструктурни проекти во нашето современие на регионите во кои доминантно живеат немакедонци по национална припадност е дел од едно поголемо сценарио за понатамошно уништување на Македонскиот идентитет? Ваквото прашање веќе на големо се толкува помеѓу граѓаните кои што се дел од т.н. радикално десно политичко милје во Македонија денеска.
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И навистина трасата на Коридорот 8 од бугарска граница кај Деве Баир над Крива Паланка па се до албанската граница кај Ќафасан се движи низ територија и населени места на Република Македонија каде што живее во голем број албанско население.

Но дали е тоа најрелевантно како проблематика во однос на т.н. широка слика во која што ќе се гради овој коридор???

Гледајки ја мапата на Балканот и точките кои што ги поврзува овој Коридор 8 на брегот на Црното Море во Бугарија и на брегот на Јонското Море до Албанија, не можеме а да не забележиме дека оваа главна сообраќајна артерија која ќе оперира во наредните столетија, се однесува на една поширока геостратешка политичка ситуација.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Гледајки ја постојната коридорска распределба на Балканот во контекст на целокупните геостратешки превирања на евроазиско тло како и на светско ниво, се чини дека интересите доминантно на САД во моментот се ракоположени токму на територијата во Македонија наспроти интересите на Рускиот федерален режим во Москва.

Судирот на истокот и западот како и низ вековите на нашата бурна историја во минатото, повторно се судрени на територијата на Македонија, но сега во контекст на политичките турбуленции кои се случија во Македонија во изминатите шест до 10 година во голема предност во корист на САД и нивните сојузнички сателити.

Самиот облик и изглед на Коридорот 8 (црвената траса на фотографијата) на мапата на Балканот личи на продолжена рака чие што лежиште е во јужна Италија а врв на прсти во Пловдив и Варна на Црноморското крајбрежје.

И нека никој не се сомнева дека оваа “продолжена рака” е свртена кон ресурсите на азискиот полу континент. Овие ресурси се толку многу потребни и посакувани од страна на САД и нивниот експанзионистички потрошувачки систем од една страна кои љубоморно се чуваат од страна на диктаторскиот државен апарат околу Владимир Путин и неговата воено олигархиска номенклатура од друга страна која недемократски управува со Руската Федерација во интерес на нивен сопствен опстој и комодитет, наспроти нискиот животен стандард на мнозинството граѓани на територијата на Русија.

Војната во Украина првостепено нема за цел да дефинира победници и поразени…. Оваа војна го дефинира тампон зоната на идно разграничување се до некоја наредна војна… пострашна и поголема. И додека оваа војна во Украина се случува во Македонија се дефинира рок од 4 години и 7 месеци за кои што треба да се комплетираат коридорите 8 и 10 а и затоа актуелната влада преку превземање противуставни обврски ќе се обидат да ги испочитуваат сите барања на изведувачот Бехтел и Енка во насока за запазување на овој рок кој што треба да соодветствува со развојот на настаните во воениот конфликт во Украина. Од претходно беше споменато во одредени медиуми дека компанијата Бехтел има свои службени канцеларии во Пентагон. Што би се рекло оваа компанија е на свој начин инжинерска девизија на Министерството за одбрана на САД за распоредување на идни воени сили на САД во правец на “продолжената рака” на Коридорот 8.

Идната политичка, воено-безбедносна жешка точка по завршување на војната во Украина е Црното Море, а во таа идна пресметка Коридорот 8 ја има клучната улога. Затоа линијата на движење на Коридорот 8 е низ предели, региони кои што се доверливи и контролирани од човечки фактор кој што е докажан сателит на американските разузнувачки агенции- албанскиот политички фактор.

Во контекст на тој иден претпоставен воен и политички конфликт во зоната на меѓународни води во Црното Море стабилноста на трасата низ која се движи коридорот 8 зависи од распоредот на политичките сили во теренот низ кој поминува истата.

Малкумина денес се сеќаваат дека утврдувањето на трасата на Коридорот 8 што беше направено во време на Владата на Бранко Црвенковски по воениот конфликт во 2001 година во Македонија е по директна заслуга на Тито Петковски. Оваа информација ја имам добиено од човек кој со сета своја безначајност присуствувал во вилата на планината Голак во сопственост на ГП “Гранит” на еден од состаноците кога се дискутирало за утврдување на оваа траса за идниот тогаш коридор кој денес го знаеме како Коридор 8. Објаснувањето на мојот извор е дека победила опцијата на Тито Петковски кој тежнеел трасата да биде дефинирана кон неговата Крива Паланка од каде е тој по потекло, наспроти другата алтернатива која била дискутирана, трасата на коридорот 8 да минува низ Делчево- до месноста Црна Скала, па преку Ќустендил се до Софија.

Но во политиката особено во Македонија нема ништо случајно, па со оглед на улогата на Тито Петковски во политичката историја на Македонија само лаик би поверувал во личните лукративни причини на Петковски, наспроти “широката слика” на американскиот план за воспоставување на коридор од геостратешко значење низ територијата на Македонија.

Како поткрепа на ваквата состојба на детерминираност ќе го спомнам и сопственото лично искуство во однос на моите лични настојувања со влијателни политички фактори за поместување кон напредна фаза на реализацијата на проектот за изградба на автопатско поврзување на Делчево по дефинираната траса која започнува од месноста Црна Скала на Македонско-Бугарската граница па преку Калиманско Поле се до клучката кај Виница, преку Кочани до поврзување на автопатот кон Миладиновци.

Овој автопат ќе остане пуста желба за делчевчани и во наредните десетлетија бидејки оди во судир со основните претпоставки поради кои што се гради Коридорот 8 и неговата безбедност и транзициска функција која ќе ја има по неговата изградба.

Реалноста со Мариово ќе се преслика и во Пијанечко-Малешевскиот крај кој што е предодреден да страда на различни начини под ударот на динамичноста на процесите кои се случуваат во неговата околина.

И покрај тоа: Борбата продолжува!

Улогата на Коридорот 10 а во актуелната геостратешка политичка игра на распределба на зони на контрола и влијание е далеку покомплексна од онаа на Коридорот 8 во контекст на Кинеската геостратешка мисија која ја има воспоставено и ја спроведува Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина. Само како лајт мотив би го спомнал проектот Вардарска долина за кој што во периодот 2010-2015 година кинески официјални лица покажуваа голем интерес за негова реализација. Оваа намера на Кинеската развојна банка која е финансиски инструмент за воспоставување на влијание на ЦК на КПК во делови од светот беше манифестирана паралелно со изградбата на автопатите Скопје-Кичево-Охрид, како и автопатот Миладиновци-Штип за кои знаеме како се одвиваа/т.

Политичките околности и конфликти пресликани низ финансиски пакети за дисперзија на парите на терен со проектите на Вардарска долина, автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип од една страна и Коридорите 8 и 10а, се директни судири на истокот и западот на територијата на Република Македонија.

Од нас Македонците зависи на кој начин за сопствен бенефит или за сопствена штета ќе го искористиме овој конфликт кој што ни се одвива пред нашите дворови.

Македонија вечна, и покрај се!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace