БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој од филмовите на Роки франшзата најмногу ви се допаѓа?

Пренеси го гласот

Филмската франшиза за Роки Балбоа е една од најуспешните филмски проекти на сите времиња со заработка од над 1,4 милјарди долари. Првиот дел од култната филмска франшиза за Роки Балбоа- познатиот филмски лик на боксер кој што од наплатувач на долгови на улиците на Филаделфија стигнува до светска слава како број 1 боксер во светот, е снимен во 1976 година по сценарио на Силвестер Сталоне.

Во раните 70-ти години од минатиот век тогаш непознатиот Сталоне бил млад човек кој се борел за свое место под сонцето на улиците во Њу Јорк. Имал мал успех со филмот The Lords Of Flatbush но се уште бил на раб на финансиски колапс. Решил да се пресели во Лос Анџелес но и таму за него работите не тргнале на добро. Како што самиот изјавил во едно интервју бил приморан да го продаде своето куче за да обезбеди храна за дома.

Пресвртот на Силвестер Сталоне се случил кога присуствувал на боксерски меч на Мухаме Али со некој помалку познат боксер кој што приредил боксерски спектакл пред присутната публика, одолевајки на ударите на тогаш шампионот Михамед Али.

Сталоне веднаш седнал и во рок од 3 дена без прекин го напишал сценариото за овој прв дел од филмската сага за Роки. Сценариото се состоело од 90-тина страници од кои само третина завршиле во филмот. Потоа Сталоне присуствувал на кастинг за филм, каде што бил свесен дека не е за улогата која била предвидена, а на продуцентите на филмот им спомнал за сценариото кое што го има напишано. Тие му рекле подоцна да го донесе, по што истото им се допаднало па му понудиле 360,00 долари да го откупат. Ова било големо искушение за Сталоне имајки предвид дека имал само 106 долари на сметката, немал автомобил а претходно го продал кучето за да плати сметки. Сталоне одлучил да не го продаде сценариото под тие услови туку да ризикува со тоа што тој ќе ја игра главната улога во филмот. Филмот заработил 200 милиони долари, како и 8 номинации за Оскар од кои освоил три Оскари вклучително и Оскар за за најдобар филм.

Подоцна во текот на повеќе децении се снимени уште 5 продолженија од филмот за Роки Балбоа кои што дополнително оставија свој културолошки белег во светот на филмската индустрија. Подоцна во рамки на оваа филмска франшиза се снимени уште 2 други филмови посветени на синот на Аполо Криид.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот