Во текот на денешниот ден остварив средба со Претседателот и членови на Државната изборна комисија.
На средбата разговаравме за определени технички проблеми кои се однесуваат на обезбедувањето на просториите на ДИК, изборниот материјал и фингерпринт апаратите и беше заклучено дека во овој дел потребна е подобра комуникација на дневна основа за што се задолжи Одделот за обезбедување на определени личности и објекти.
Исто така, беше потенцирана потребата од високо ниво на соработка на МВР и ДИК во делот на организација на фер и демократски изборен процес и координирање особено во делот каде што МВР врши асистенција во спроведувањето на законските надлежности на ДИК.
Извор: Панче Тошковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026