Пред неколку денови во градови Лерин и Серес во Егејска Македонија беа расфрлани летоци со порака “Автономија на Македонија” на грчки и на латинично писмо. Летоците се потпишани од ВМРО ОБЕДИНЕТА. Во прилогот емитуван на грчката телевизија СТАР ЊУЗ се вели:
Жителите забележаа летоци закачени на вратите на нивните домови на кои се споменува на словенски и грчки јазик, “Автономија на Македонија ”. Испраќачот бил ВМРО ОБЕДИНЕТА која што е стара герилската револуционерна политичка организација која бара независност на Македонија и словенското населениесо цел да се интегрираат подоцна со Бугарија.
Политичките потомци на оваа организација е сегашната опозиција на Скопје, која беше на власт во период од 2006-2016 година.
Значи, се потврдуваат мислењата на сите оние кои веруваат дека договорот Преспа е многу штетен за националниот интерес, бидејќи, меѓу другите последици, ги буди и иредентистички аспирации на Скопје.
Во прилогот биле емитувани фотографии со ликот на Никола Груевски, мапата на Обединета Македонија, сцени од егзодусот на децата бегалци како и изјава на Јанко Бачев во која тој кажува дека е време Македонија повторно да се обедини.
Со тоа во јавноста се наметнува прашањето кој субјект навистина е одговорен за ваквата пропаганда и кому во суштина му оди во прилог овој потег?

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ за нова светска војна?
Интерес на воената индустрија на САД за инвестиции во Македонија