БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Клетников: Еве, да го поздравам и јас НАТО, драг читателу, по повод нашиот северен секс со него.

Пренеси го гласот

Во своја колумна за порталот и весникот Нова Македонија, Македонскиот писател Ефтим Клетников открива “сочни” детали за цензурата која ја трпел во однос на своите ставови во 1999 година кога на свој автентичен начин ја поздравил НАТО алијансата по бомбардирањето на Србија.

Еве, да го поздравам и јас НАТО, драг читателу, по повод нашиот северен секс со него. А на сличен начин нему му упатив поздрав и утредента, по она негово крвничко бомбардирање на Србија во 1999-та, по темница од 11.000 метри височина, убивајќи недолжни цивили, жени и деца. Тогаш бев повремен колумнист во „Дневник“ и мојот НАТО-поздрав беше стокмен во колумна, која меѓутоа ни по еден месец и кусур не беше објавена. Мислам дека главен уредник на „Дневник“ тогаш беше сегашниот слободнопечатарски главен Бранко Геровски. Сеедно, ја повлеков, и колумната ја објавив кај Мирче Томовски во „Пулс“. Неа набргу потоа ја објави во превод на Цвета Котевска и белградска „Политика“. Нејзиниот наслов беше дијагностички по однос на западната воена алијанса: „Варвари“. Овој на денешнава колумна е речиси ист. Неодбеглива тавтологија.

-пишува Клетников во својата најнова колумна. Потоа продолжува:

Да. Впрочем, не само Србите туку две години по нив, во 2001-та, и ние Македонците го искусивме НАТО-варварството во негова алхемиска разбојничка врска со албанските терористи против Македонија. Тоа е факт. Ајде тоа, туку монструмите на западната алијанса терористите ги закитија со нивната западна либерална маска, прогласувајќи ги перверзно така и за борци за човекови права, држејќи ги сè до денес за такви, а сè со цел да го урнат целосно суверенитетот на македонската држава, нација и име, почнувајќи од варварската 2001 сè до тиранската платформа на ЦИА. За да го остварат лесно и непорочно тоа, пак, тие ни ги доведоа терористите и во владата и парламентот, каде што дел од нив (не само спикерот на Собранието) се и сега. Ни ги скроија Бадинтеровиот закон и Охридскиот рамковен како менгеме за страшен притисок на мнозинскиот народ, единствен случај во светот. Им измислија на своите балкански миленици и манипулативен процент 20 отсто, иако се под него, за што е доказ албанското бојкотирање на институцијата попис. Перманентно, со години. А дека албанскиот тероризам врз Македонците во 2001-та не беше борба за човекови права говори и една изјава на македонофобот, сега покоен, Арбен Џафери, кој во едно интервју отворено рече дека борбата (тероризмот м. з.) во 2001-та не била борба за човекови права, туку за територии!

Остатокот од колумната прочитајте го на Нова Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот