БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Карбинци фатен во непотистичка мрежа

Пренеси го гласот

Уште непочната пролетта непотизмот во државата од “расцветаните пупки” од страна на централната власт почна да раѓа обилни плодови на локално ниво.

Имено до нас секојдневно пристигнуваат информации за масовна “епидемија” на непотизам налокално ниво меќу функционерите од речиси целиот Брегалнички регион. Најнов пример во таа редица како што известува порталот Инфоплус е локалната власт предводена од градоначалникот во Карбинци

Градоначалникот на Општина Карбинци Јордан Насев, си го вработува семејството до четврто колено.

Имено, градоначалникот на оваа општина ништо не остава на случајност и вработува се што сака и што може, следејќи го трендот на семејни вработувања на моменталната ненародна влада.

Во неговиот список на семејни вработувања, како последни пикови на драфтот, може да се издвојат:

  • Лепа Стоиловска (од чистачка во ПУ Таринци, унапредена во наставничка во ПУ Калузлија) – прва братучетка на Градоначалникот;
  • Влатка Стоиловска (чистачка во ПУ Таринци/ООУ Страшо Пинџур Карбинци) – прва братучетка;
  • Маре Стоилова (наставник во ООУ Страшо Пинџур) – братучетка;
  • Биљана Насева ( член на училишен одбор во ООУ Страшо Пинџур Карбинци каде и работи) – сопруга
  • Марина Стојанова – директор на детската градинка,,Кокичиња” – сопруга на братучед на градоначалникот

За мир во куќа, исто така го вработил и синот на Рамиз Мемиш во КПД Штип, кој меѓудругото е советник од редовите на СДСМ во Општина Карбинци.

Извор Инфоплус.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот