БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој точно и за чии потреби врши ископ во коритото на река Брегалница во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден до Брегалнички.мк пристигнаа фотографии и видео од страна на загрижен граѓанин, на кое се гледа како градежна машина и трактор во сопственост на ЈПКД “Брегалница” од Делчево оперираат во речното корито на река Брегалница во центарот на градот.

Според очевидци кои сакаат да останат анонимни градежната машина вршела ископ на речен песок и го товарела на тракторската приколка при што песокот бил изнесуван од речното корито во непознат правец. Интересно е што целата оваа операција се одвива додека врне дожд.

Загриженоста на граѓанинот кој реагираше за ваквата појава оди дотаму што вели дека со ваквите активности се нарушува животната средина во коритото на река Брегалница. Истовремено има сомневање дека извршителите на ова дело немаат соодветна дозвола да вршат ископ на минерални суровини- песок од коритото на река Брегалница согласно закон.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За грижата за состојбата со водите во државата е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за води додека за издавањето на соодветни дозволи за ископ на минерални суровини е надлежно Министерството за економија/Сектор за минерални суровини.

Креирано од:


Пренеси го гласот