БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ Виница преку Градоначалникот се пофали за изградени спортски сали, зелена инфраструктура итн. ВМРО-ДПМНЕ реплицираа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Функционерите на СДСМ на локално ниво не можат да се одлепат од политиките на Зоран Заев.

Во текот на вчерашниот ден на партиската фејсбук страна на Општинската организација на СДСМ страна беше емитувано видео во кое Градоначалникот на општина Виница читаше свое соопштение во кое споменува дека како власт граделе инфраструктура ширум државата. Притоа Градоначалникот споменува спортски сали, некаква зелена инфраструктура и застарени објекти без да спомене за кои конкретно проекти станува збор.

Во продолжение го пренесуваме ова видео:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Речиси кај сите функционери забележлива е потребата да се величаат политиките на СДСМ во јавноста во обид пред избори да се промени мислењето на граѓаните за на наредните парламентарни избори повторно да гласаат за оваа партија.

Тоа што со народни пари во очи избори шират пропаганда за партиски цели со што ги злоупотребуваат јавните ресурси одамна веќе не е проблем за СДСМ, додека пред да дојде СДСМ на власт наголемо ја критикуваше тогашната власт дека злоупотребуваат државни сретства за партиски цели.

И целата оваа практика се пресликува во повеќе општини каде раководните функционери на власта платени со парите на сите граѓани на партиски прес конференции излегуваат пред камери за да бидат присутни во јавноста како дел од партиска насока од централата на СДСМ и Зоран Заев.

По тој повод со реакција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница дополнително реагираат и за наративот на СДСМ со кој што паушално зборуваат за реализирани проекти во време на пандемија позирајки пред спортска сала која што уште лани била изградена.

Целото соопштение упатено во јавноста од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница го пренесуваме во целост во продолжение:

“Граделе во услови на пандемија, инфраструктурата била во подем и во вонредни околности.

А држи прес пред спортската сала изградена минатата година, да не испуштивме нешто, пандемијата да не трае од лани 🤔.
Ние познаваме една пандемија наречена СДС која трае од 2017-та година, не се сеќаваме на пандемија поради коронавирусот минатата година.

Држи прес пред спортската сала за која кога се донасаше одлуката на совет дали ќе се гради во Виница или во некој друг град во Македонија, тогашната опозиција во советот од СДСМ, тврдеше дека веќе имаме спортска сала во Виница, дека спортската сала не е приоритет на општина Виница, прашуваа кои деца ќе вежбаат таму и дали за 10 години ќе има кој да тренира во салата, прашуваа дали ќе биде функционална, дискутираа дека салата е мала и во неа две одделенија со по 15-20 деца нема да можат да тренираат, па дури коментираа и дека сето тоа било направено предизборно.

Ние мислевме дека градоначалникот ќе одржи прес пред некој проект кој го реализирал од идеја, проект до завршна реализација, ама за жал нема таков.

Прашуваме кога градоначалникот ќе одржи прес пред:
❌ браната на река Сушица,
❌булеварот на влезот во Виница, ❌реновираниот Пензионерскиот дом,
❌ патот Градец-Лисец,
❌Домот за стари лица во Блатец,
❌ затворениот градски пазар,
❌кружниот тек кај Гала,
❌новите велосипедски патеки,
❌спортската сала во ОУ Гоце Делчев,
❌ реконструираниот кров во ОУ Никола Парапунов Драгобраште,
❌новиот бунар за водоснабдување
❌новиот резервоар за вода
❌постојната филтер станица зо зголемен капацитет
❌намалените сметки за вода за 30%
❌намалените таксите за користење на јавна површина…

И уште еден куп ветени нереализирани проекти од неговата програма..”

Креирано од:


Пренеси го гласот