БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кочански фраерлк и зашо чуре Депонијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Темен чур се дига од Депонијата горе, саѓи литат, Бели не се виде ќе го прекрстат Овие на власт у Црни?!

Или Црнилиште, џанам! Има едно там накај Св.Николе…

Палат се и сешто од бакар до калај а можда има и нуклеарни проби, само Директоро раат си спие како да живее у некоа паралелна димензиа?! Ега го! Од другата страна стара Целулоза како и да и е името саа чуре, димљава се диме, како воз! Ама диме сос китап, иљам си имат бе, ќе димат. Вие цркавајте на онкологија, хематологија и на хирургија…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да не думам за оџаците и по пет коли у двор, ама сиромаштиа, нели? По кочански само кукање на тиа шо имат и чалами на оние шо последио динар го дават за продужено еспресо… И утре на, јаај на шијата на мама и на тате! Јбг! Локална политика!

Домашна култура и однасање на кутура!? Како да само до вечер ќе живееме, дај шта даш и аш!Може овај краток локал осврт е ту мач резил ама за воља на истината, истинит је. Тава е тава другарче! Забравихте глаголите сос Х, лигавете те се по Локал есперанто Беф, Правиф, Одиф, ееее вака сте литерати, да ама само у ваште глави бе пријатели.

Има и кај нас повише профили на фраери гратски, има има… Саа види имаш повише врсти, сорти, онија над четериесе години, ќелави беќари со пивско меше живее сос мама и тато,не е… а да плаќа сметки, се му плаќат од дома и плус има џепарац за кафенце у гтц. Чат пат подработуваат и ако не ги отвореа АНфенол и Антурата ќе мислеа дека Злетовица е Вардар. Искачаат стриктно у марка, трењерка или пиц пец одело скапо разбира, Беемвак црн, а бе мафијашки грат, издуани мускули сос мајца од осмо, бела по можноС и шо е могиче повише тетоважи, шо поише појак фраер? Саа онија поДругите, залижани кошулка стриктно, цвикера а виде како орел, уствари сокол беше ама нема веза, пушат јака фирма лаки маки к… Ц млаки али таа ти е… Еден куп женскотии околе него а он аааааа… и така…

Имате и онија шо рмбат като коње, немат време ни за себе ни за женска да си фанат. Времето им врве сос евтини трамболини оти за пара само такви останаа, а за да најдат саглм, треба да имат емоции ама не доваѓат у израз от мобиљките скапи хахахаха, и цурките па са сами а они сос празни раци.

Категорија лишковци фраери на збор а а дое женска бега како заразен или шо викаме тука како ѓаол от темјан! Мобето е :„Рано е, што ќе са ми приколици, да ме боли глаата.

И коа ќе видеш жени има нема храбри мажи!?

А Депонијата оште горе и чуре! Дига се чурта над Бели како у филмо Магла кој го е гледал…

За музичките стилове кој шо слуша понатам…

Пишува: Св. Архангел Командант

Името на авторот е познато на редакцијата

Креирано од:


Пренеси го гласот