БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кочански училишта му должат на КЈП „Водовод“ 10,5 милиони денари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Средните и три основни кочански училишта направиле долг од неплатени сметки кон КЈП „Водовод“ во вкупен износ од 10.516.138 денари.

Ова е констатирано при увидот на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски во работата на КЈП „Водовод“, односно при утврдувањето на најголемите должници од редот на правните субјекти.

Највисок долг има ОУ „Никола Карев“ – 5.631.534 ден., а по него се двете средни училишта, „Гошо Викентиев“, кое должи 1.851.584 ден. и „Љупчо Сантов“, кое е со долг од 1.265.163 ден. ОУ „Раде Кратовче“ има неплатени сметки во износ од 950.838 ден., а ОУ „Св. Кирил и Методиј“ му должи на „Водовод“ 817.019 ден.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Основните училишта „Малина Попиванова“, „Крсте Петков Мисирков“, ОМУ „Ристо Јуруков“, како и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ немаат долгови за вода.

–  Ова се милионски долгови коишто се толерирани долго време. Срамно е КЈП „Водовод“ да ги дава на извршител граѓаните со долг од по 3-4 илјади денари, а да не постапува соодветно кон правните субјекти што се должници. Наредниов период ќе излеземе со целосен список на сите должници кон „Водовод“. Целта е сите пари да се приберат за да се направи функционално кочанското комунално претпријатие, затоа што  токму ненаплатените приходи го довеле до загуба и блокада – истакнува в. д. градоначалникот на Општина Кочани.

Крстевски најави финансиска ревизија на КЈП „Водовод“, со која точно ќе го дефинира долгот на претпријатието, кој неофицијално е над 4 милиони евра.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace