Секојдневно избираме производи и услуги на кои им веруваме, се враќаме на брендовите со кои имаме добро искуство и ги препорачуваме оние што ги исполнуваат нашите очекувања. Токму овие искуства и перцепции се важен дел од приказната за секој успешен бренд, а од вчера, 18 октомври, потрошувачите имаат можност и директно да го искажат своето мислење во рамките на новото издание на Superbrands Macedonia 2026/2027.
Јавното гласање ќе трае до 30 октомври и ќе опфати 115 различни категории. Учесниците ќе можат да ги оценат брендовите со оценки од 1 до 10, според сопственото искуство и перцепција.
За учество е потребна регистрација со лична е-мејл адреса, а гласањето е достапно на следниот линк: https://superbrands.mk/glasanje/
По подолга пауза, Superbrands повторно се реализира во Македонија, отворајќи нов циклус на препознавање на брендовите што се издвојуваат на домашниот пазар. Изборот се темели на комбинација од мислењата на потрошувачите и стручна процена од професионалци од областа на маркетингот, брендингот, рекламирањето, дизајнот, односите со јавноста и бизнисот.
Целта е да се добие поширока слика за брендовите што успеваат да изградат препознатливо име, да ја задржат довербата на потрошувачите и да создаваат вредност во своите категории. Воедно, јавното гласање е можност граѓаните да бидат активен дел од процесот и да придонесат со сопственото мислење за брендовите присутни на македонскиот пазар. Superbrands е меѓународна програма за препознавање и промовирање на брендовите што се издвојуваат по своите квалитети и позиција на пазарот. Новото издание на Superbrands Macedonia 2026/2027 ќе опфати брендови од различни индустрии и ќе претставува пресек на домашниот бренд-пазар и на односот што компаниите го градат со своите потрошувачи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово