“Денот го завршуваме со една убава вест” – напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. Во продолжение и додаде:
” Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај.
Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час.
Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,”- објави Николоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција