На кинисување
Позапри, мајко, затрај се,
доста ме, леле, испраќа,
доста си солзи излеа
по тија пусти патишта.
А туку, мајко, погледај,
погледај, леле, послушај,
како ми пилци запреа
песни сред пролет радосна,
како ми вода затраа,
темни ми карпи писнаа,
а гора лисја пророни
од твојте тажни гласови.
Јас, мајко, тргнав, заминав,
куса си пушка нарамив,
планина Пирин развила,
бајрак се вее сред неа:
Јас ќе го, мајко, дофанам,
над село ќе го развеам,
та ќе те, мајко, куртулам
од тоа ропство крваво.
Коле НЕДЕЛКОВСКИ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчевчани знаат кои се и што сакаат: “Македонијо во срце те носиме” силно одекна покрај Брегалница под вечниот Голак!
Си замина македонскиот мајстор на карикатурата: Јордан Поп Илиев (1940-2025)
На денешен ден згасна животот на Методија Андонов Ченто. Неговите заслуги за Македонија се светол патоказ за сегашните и идни генерации