БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комитите спречени од властите да одадат почит на гробот на Гоце Делчев, блокираа улица во центарот на Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Два часа бевме попречувани да направиме нешто што го правиме редовно со години наназад, на 4-ти Февруари и 4-ти Мај, секогаш во исто време.

Беше јасно дека нема да можеме да бидеме во црквата Свети Спас во Чаршија во предвидениот и однапред најавениот термин, туку ни беше понудено да ги сочекаме сите делегации да поминат, за ние да бидеме последни.
Се одлучивме во знак на револт да го блокираме “Рекорд” во двата правци. Свесни сме дека припадниците на Полицијата кои не придружуваа, во Маршот низ скопските улици, и блокадата, не се виновни за оваа бламажа, туку нивните надредени кои во 5 до 12 ги сменија протоколите, нормално на наша штета, со цел да не демотивираат и деморализираат.

Сите може да го посетат гробот на Великанот, и оние кои од неразбирливи причини го сметаат за свој, и оние кои искривоколчено ја толкуваат неговата борба и идеали, и оние кои одат да провоцираат, и да се сликаат заради самопромоција или ‘PR’ наложен од оние кои ги советуваат…И сите кои доаѓаат да се поклонат на гробот на човекот, кој животот го живееше и положи исклучиво за Слободата на Македонија, се добредојдени, затоа што неговото дело ги надминува нашите граници. Сите, освен ние, неговите вистински синови !

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сепак бевме истрајни, и по двочасовната блокада своето, со своите, кај својот јунак, го направивме некаде околу 14:00ч.

Со цел да не се јават натамошни недоразбирања на оваа тема, повторно денес на денот на неговото раѓање, го најавуваме нашето повторно доаѓање на денот кога во Баница го положи животот за Македонија, 4-ти Мај во 12:00ч. !

-сооптшение на Комити- Скопје

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace