БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конечно видлива решителност на полицијата да се справи со дилерите на дрога и нелегалното оружје ширум државата

Засилено полициско присуство ширум државата – се спроведуваат акции против уличното дилерство и нелегалното оружје
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од неофицијални извори, дознаваме дека Бирото за јавна безбедност при МВР спроведува координирани претреси на повеќе локации низ целата територија на Македонија. Главен фокус на надлежните органи се активностите кои се насочени кон сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје.

Според неофицијални информации, акциите се одвиваат во рамки на оперативната акција „Чистач“, која функционира во Бирото веќе неколку месеци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Уличното дилерство е распространета мрежа составена од различни криминални групи кои, за личен профит, ги таргетираат и анимираат најмладите и најранливите категории граѓани.

Во изминатите неколку месеци видлива е зголемената активност на МВР со сите свои капацитети за справување со нелегалната трговија на дрога како и кривичните дела поврзани со недозволено користење на оружје ширум државата. Полициските билтени секојдневно се преплавени со информации за спроведените акции и разрешени случаеви што говори за зголемената ефикасност на МВР во обавувањето на своите надлежности.

Со овие активности, полицијата покажува јасна волја и решителност да го минимизира ова зло, кое демне низ улиците, клубовите и училиштата – зло кое криминалните групи го користат за остварување профит на грбот на невини деца и граѓани, уништувајќи цели генерации.

Креирано од:


Пренеси го гласот