БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонската армија се подновува со нови 300 војници, 10 подофицери и 60 офицери

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на пат кон Кичево најави реализација на нови огласи за вработување на нови кадри за внесување на нова свежина во редовите на армијата.

Станува збор за објавен оглас од денеска со кој што ќе се регрутираат нови 300 професионални војници и јавен оглас за ангажирање на нови 10 подофицери во Македонската армија.

Дополнително во наредниот период ќе биде објавен оглас за вработување на нови 60 офицери со завршено високо образование.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Убав ден Македонијо!
Сакам да ве поздравам по пат накај касарната во Кичево каде што ќе направиме увид во градежните активности на дел од објектите кои се реконструираат, но и да најавам уште една убава вест до сите граѓани.

Премиерот минатата недела извести дека ќе објавиме конкурси кои ќе значат нова свежина во редовите на Армијата.
Затоа сакам да најавам дека денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин.

Ова е навистина одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните.”

-напиша на социјалните мрежи Владо Мисајловски- Министер за одбрана при Владата на Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace