БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конфедерацијата на слободни синдикати најавува штрајкови. Можна е радикализација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Конфедерацијата на слободни синдикати на Република Македонија во прес конференција од минатата недела најавија дека на 26.01.2019 година своето незадоволство од владиниот однос кон нив како синдикална организација ќе го пренесат низ штрајк по улиците на Штип. Од СОНК како гранков синдикат на КСС на Република Македонија штрајкот го организираат вработените во образованието. Ваквата најава со своја изјава за Алсат ТВ ја официјализира и првиот синдикалец, Јаким Неделков, во текот на вчерашниот ден. Тој истакнал дека владата ги игнорира нивните барања подолг временски период и го активираат штрајкот како механизам со кој би го подигнале вниманието за нивните барања на повисоко ниво.

Наставниците се револтирани поради просекот на платите во образованието како и администрацијата при што истите се приближени кон категоријата на социјални случаи. Дополнително состојбата го проблематизира фактот што голем дел од администрацијата во јавниот сектор засилено ја напушта државата во потрага по егзистенција. Исто така како проблематичен аргумент ги посочуваат најавите од владата за тренсферирање на вработените од администрацијата во приватниот сектор, што дополнително ќе предизвика отпуштања на вработените.

-се дел од аргументите на синдикатот при јавниот сектор.

Погледнете ја на следниот линк прес конференцијата одржана минатата недела со која се истакнуваат најавите и моривите за штрајкот на вработените во јавната администрација:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

https://www.facebook.com/sindikatkss/videos/538247843336741/

Креирано од:


Пренеси го гласот