БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: Лебдечка дезориентација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денешната изјава на Бујар Османи според која Законот за употреба на јазаците нема да биде испратен до Венецијанската комисија сè додека нејзин член е професорката Татјана Каракамишева е изјава на дезориентиран, исплашен и видливо заморен човек, каква што е и самата власт. Власта е збунета, а со неа и Бујар Османи, бидејќи работите не одат онака како што биле замислени (без отпор), ниту се одвиваат со онаа брзина со која предвидувале дека ќе се развиваат. Дезориентираноста, исто така, се гледа во мислењето/стравот дека Каракамишева би можела да влијае врз мислењето на другите членови на Комисијата, замислувајќи си дека и таа (Комисијата) функционира на оној начин на кои тие (македонските власти) функционираат – според директиви и диктати, претпоставувајќи дека Каракамишева поседува стварна моќ над нив. Наедно, оваа изјава е крајно потценување и навреда на членовите на Венецијанската комисија.

Стравот на власта, па според тоа и стравот на Османи, произлегува и од свеста (токму така, од свеста!) на кој начин дошле на власт и на кој начин, според тоа, може да заминат од власта, бидејќи (колку и да се прават недоветни) точно знаат како дошле до власт и што следи – во секоја нормална и регуларна земја – после таквото доаѓање на власт.

А Македонија, сепак, еден ден ќе биде регуларна/нормална земја. Нивниот, пак, замор е повеќе од видлив. Тоа се гледа и во погледот на Бујар Османи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Едноставно, ја потценија народната мудрост дека не се јаде (проголтува) сè што лета.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace