Од ден на ден расте поддршката од страна на жителите на општина Делчево за кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов.
Во секојдневните лични контакти со граѓаните, Иван Соколов со право го нарекуваат човек од народот.
-“Многу питом, добродушен човек, со многу мудрост и знаење”,
знаеше да каже една делчевчанка која претходно слушнала за Иван Соколов а сега имаше можност да го лично сретне и запознае во рамки на неговата предизборна кампања
Проблемите на жителите со кои се соочуваат во нивното секојдневие се проблеми со кои и самиот Соколов се среќавал во животот.
Но неговиот животен пат во кој поминал низ многу европски и прекуокеански земји, сепак одлучил својот живот да го гради и унапредува заедно со својот народ за доброто на сите граѓани.

Со актуелнава кандидатура и поддршката на сите граѓани на општина Делчево секако во голема мера ќе ги забрза ваквите негови напори.
Во продолжение ви пренесуваме неколку фејсбук статуси на Иван Соколов на неговата фејсбук страна кои се однесуваат на посетите во вечниот бастион на ВМРО-ДПМНЕ- населбата Милково брдо каде во континуитет партијата победува на било кои избори во Делечво.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово