БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Kоординацијата помеѓу анти македонските чинители е перфектно усогласена и ќе остане се до конечното исчезнување на Македонецот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со новите услови наметнати од соседна Бугарија во забелешките на Европската комисија како спорни за решавање за добивање на датум за почеток на преговори на Република Македонија за членство во ЕУ, со свое соопштение во јавноста се обрати Координативното тело на Македонците во Европа.

Истото го пренесуваме во продолжение:

“Негацијата на Македонскиот јазик и историја како главна вредност во принципите на ЕУ за отпочнување преговори со Македонија Македонците во Европа, со голем гнев и разочараност го осудуваат заклучокот и ставот на Советот на ЕУ од 25 март годинава, во кој се внесени забелешките на Бугарија за отпочнување на идни преговори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имено, Бугарија како сосед и земја членка на ЕУ , отворена бара од македонската страна, да се откаже од македонскиот јазик и да се употребува само службениот јазик на “северна.” Истовремено се оди и дотаму, да се откажеме од Македонците во Бугарија како и прифаќање на прекроената историја, односно препишување на македонските најзначајни дејци како Бугари. Со прифаќањето на овие бугарски барања , ЕУ ги погазува своите сопствени вредности и принципи содржани во Договорот на Европската Унија, каде експлицитно се наведува во членот 4 “ ЕУ ги почитува и се залага за националниот идентитет на секоја држава “ како и промоција и реализирање на националните културни и историски вредности ( член 167).

Појдувајќи од фактот што ЕУ се заснова на почитување на основните вредности за човечко достоинство, слобода и демократија во правна држава и има за цел почитување на различните култури и јазици (член 2 и 3), тогаш се поставува логично прашањето , дали Македонецот за неа (ЕУ)е човечко суштество и како таков има свое достоинство и вредност? Во што е разликата со другите народи и идентитети? Дали Македонецот се препознава во ваква дискриминаторна организација каде наместо вредности и принципи, постои уценување и потчинетост.

Со овој чин, ЕУ преку подршката на договорите со Грција и Бугарија и нивно вметнување како главен услов за понатамошно отворање на 35 те поглавја за преговори , јасно ни дава до знаење дека координацијата помеѓу овие анти македонски чинители е перфектно усогласена и ќе остане ваква се до конечното исчезнување на Македонецот како таков.

И покрај сите премрежја со кој се среќаваме, Македонците во Европа ја продолжуваат својата борба за промовирање на националните вредности преку изучување на македонскиот јазик култура и историја.

Никогаш с…. Секогаш Македонија Женева ,
Лондон, Брисел, 25 април, 2020 година. “

Координативно Тело на Македонците во Европа

Креирано од:


Пренеси го гласот