БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Костовски: СДС нема слух за ниту еден проблем на граѓаните, немаат ниту грам совест за над 5.700 семејства

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

СДС си поигрува со судбините на над 1.700 вработени од фабриките „Фени Индустри“, „Колска“ и „Еурокомпозит“. СДС од доаѓање на власт па се до денес ги лаже вработените во овие 3 фирми. Очигледно не им е воопшто гајле за иднината и егзистенцијата на над 1.700 семејства кои немаат земено плата, изјави денеска на прес конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ

Тој кажа дека Заев и Анѓушев ги лажат вработените на секоја средба.

 -На 21 септември Кочо Анѓушев рече дека владата е посветена на решавањето на проблемот. Интензивно се разговарало и со сопственичката структура на „Фени“ и со менаџерскиот тим на компанијата за да се најде решение како овој проблем да се реши. Зоран Заев уште еднаш после тоа на 1 ноември им порача на вработените на „Фени“ дека владата е тука да ги заштити најдобрите интереси на „Фени“ граѓаните и работните места. Решение на проблемот со „Фени Индрустри“ се уште нема. Лага, изјави Костовски.

Според Костовски, единствено што се погрижија СДС и Анѓушев за „Фени Индустри“ според медиумите е да ја блокираат сметката заради набавката на струја од страна на ЕДС – фирма која е на Кочо Анѓушев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-На 28 јуни Кочо Анѓушев на вработените на прилепски „Еурокомпозит“ им вети дека ќе им се исплати една плата веднаш, а веднаш по 45 дена уште една плата за потоа и трајно решавање на проблемот. Потоа на 24 октомври Заев на средба со вработените им вети исто трајно решавање на вработените. До денес никакво решение за иднината на „Еурокомпозит“ и околу 300 вработени. Уште една лага, изјави Костовски.

Тој кажа дека на 27 јуни Зоран Заев на вработените од „Колска“ им вети трајно решение и исплата на задоцнетите плати. На 11 септември вицепремиерот Кочо Анѓушев им вети на вработените на Колска дека владата ќе го реши проблемот, и вработените ќе добијат плата. Уште една дрска лага.

-Нема ни П од плати, а ниту Т од трајно решение во овие 3 фирми каде што иднината им виси на конец на над 1.700 директни вработени и над 4.000 индиректни вработени од добавувачи и соработници од кои најголемиот број работат за кавадаречкиот гигант „Фени“. Дрските и безобразни лаги кои им ги сервираат СДС, Заев и Анѓушев на вработените во овие фирми кои не знаат што ќе им донесе секој нов ден и не знаат дали утре дента ќе останат на улица и дали семејствата ќе им трпат за леб, е најочигледен начин за владеењето на СДС и немањето ниту грижа, ниту грам совест за над 5.700 семејства. СДС нема слух за ниту еден проблем на граѓаните. СДС нема ниту идеја ниту концепт, како да ги реши проблемите на овие 3 фирми. Жалосно е сето ова што им се случува на над 5.700 семејства, изјави Костовски.

Извор: Курир

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace