На денешната комисиска расправа во рамки на Комисијата за економски прашања на Македонскиот парламент пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки имаше свое обраќање по однос на понудената годишна програма во форма на Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2022 година.
Според предложениот финансиски план вкупните расходи – потребни средства за исполнување на планираните обврски во 2022 година изнесуваат 91.742.689 денари, што претставува зголемување за 15,86% во однос на одобрените расходи со финансискиот план за 2021 година.
Најголемо зголемување од 70,41% во споредба со 2021 година во Годишниот финансиски план за тековната 2022 година има кај ставката “Други услуги”.
Ставката Други услуги ги опфаќа следните расходи:
- објава на акти и огласи во Службен весник на Република Северна Македонија;
- комунална хигиена;
- други услуги (печатарски услуги, фотокопирање, огласување, трошоци за законска обврска за обезбедување на секундарна локација на IT системи, надоместок за користење на податоци од Централен регистар на РСМ, хигиена на работни простори и возила и такси превоз);
- трошоци за заедничко одржување на административна зграда (лифтови, обезбедување на административна зграда и друго) и
- други непредвидени услуги.
Токму кај оваа ставка беа и најголем број од забелешките на пратеникот Драган Ковачки во неговата дискусија по однос на предложениот годишен финансиски план од страна на Претседателот на комисијата Марко Бислимоски. Ковачки во своето обраќање предложи повеќе кратења во овој финансиски план кој што во услови четирикратна криза во државата според него треба да биде намален.
Ковачки го критикуваше работењето на Бислимоски како партиски пропагандист на Зоран Заев, СДСМ и актуелната власт.
Целата дискусија на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ може да ја проследите во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје