“Само во еден ден убиство на беспомошна жена со 40 (четириесет) убоди со нож во Кочани и двојно убиство со пиштол во Гевгелија!
Од државата направија ничија земја, а институциите како МВР и ЈО се тромави, нефукнционални и скоро бескорисни.
Какво фајде што жртвите од Кочани и Гевгелија ПРИЈАВУВАЛЕ во Полицијата кога никој не мрднал со прст?
И тоа пријавувале неколку пати, не еднаш!
Каде е превентивната улога на МВР, или откако ќе се случат убиствата ќе излезат со некое бледо соопштение дека се работи на расчистување на случајот?
За што ја имаме и плаќаме полицијата, само за да зема записници кога некој ќе пријави насилство?
Државата повеќе нема авторитет, а нејзините граѓани прибегнуваат кон барање на своја, лична правда.
Оливер Спасовски е влезен во кампања за Претседател на држава, ова не го допира.”
-рекација на пратеникот Драган Ковачки упатена преку социјалната мрежа Фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп