БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Кресент” (Crescent): Од песочното море во Египет да ја пренесеме рефлексијата за горката вистина

Пренеси го гласот

Во продолжение Ви претставуваме еден автентичен египетски метал бенд кој преку своја ориентална специфика пренесува пораки од глобално значење за човештвото.

-“Соодветно на нашата географска локација каде што Египет надвладејувал со векови ширејќи знаење и постигнувајќи повисоко ниво на прогресија… Чистејќи ја игноранцијата и темнината каде Египќаните ја сватиле суштината на животот, судот и воскресението… Учејќи го светот на античките огромни полиња на наука.

Ова царство се издигнуваше со милениуми и исчезна но сепак остана погребано во мориња од песок оставајќи зад себе чуда на мистика и многу лекции кои сведочат за него. Како што историјата се преповторува себеси и во секој аспект од животот, единката на она што може да биде изложена или да ја искуси е рефлексијата на нашата лирска содржина. Воскреснувајќи ги старите приказни и митови и нивните слики во огледалата на денешните настани.

Кресент (Crescent) е роден во 1999 година посведочувајќи на жарот на светот во умирање, сепак задржуавќи ја силата за борба/моќ да ја пренесе рефлексијата на горката вистина (со надеж за глобална свесност и единство на нациите) се додека нашата порака стигне до секоја душа. Ова е портретирано во апокалиптична метал арт форма која го одбележува светскиот статус.”

Овој инспиративен текст стои на официјалната интернет страна на античко-египетскиот death метал бенд “Кресент” (Crescent) во делот на нивната биографија.

Настапувале на голем број на концерти во нивната татковина-Египет. “Оставиле многу места во урнатини” како што се “El Sawy Cultural wheel”, “Alexandrina Bibliotheca”, “Swiss Club”, “Azhar Park” и повеќе други помали места.

Во 2014 година биле на својата Метал апокалиптична евро тура во месец мај, со други интернационални бендови низ Германија, Австрија, Чешка, Холандија и Белгија.

Кресент ја освоиле локалната битка на бендови во Египет и ја претставувале оваа држава на Wacken 2014 фестивалот каде во борба со бендови од 30 останати земји влегле во врвните 10 бендови.

Овој бенд има издадено 3 изданија:

“Земјата од соништата на Едгар Алан По” (Edgar Allan Poe’s Dreamland : Demo 1999)

“Одмаздата” (The Retribution : EP 2009)

“Робови од пирамиди” (Pyramid Slaves : Album 2014)

“Редот на Аменти” (The Order of Amenti: Album 2017)

Во бендот членуваат:


Ismaeel Attallah (Гитари и вокал)


Moanes Salem (Бас гитара)


Amr Mokhtar (Тапани)


Youssef Saleh (Ритам гитара)


André (Ритам гитара)

Нивната музика е моќна, исполнета со големина и дух, онака како што доликува на еден репрезент на моќната културолошка историја на земјата од која што потекнуваат. Но таа не е на ниво на комерцијала на продукциско-музичките меинстрим медиуми кои се имуни и инертни на нови суштествени влијанија од неограничен карактер. Долгогодишното опстојување на бендот, со малиот број (во споредба со други меинстрим бендови) е само показател за нивната уникатност и препознатливост. А таа треба да се развива и поинатаму.

Во продолжение Ви пренесуваме три нивни видео записи кои се сведоштво за големината на музиката на овој бенд:

Креирано од:


Пренеси го гласот