Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правното лице, во периодот 2024–2025 година, постапувајќи спротивно на членовите 23 и 54 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, за увезениот текстил од страна на второпријавеното правно лице не пријавил и не платил надоместок за отпад кон Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, во вкупен износ од 3.852.067 денари.
Со цел да го прикрие непријавувањето и неплаќањето на законскиот надоместок, првопријавениот на 17.04.2026 година покренал постапка за ликвидација на второпријавеното правно лице пред Централниот регистар на Република Македонија.
Со наведените дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија за вкупен износ од 3.852.067 денари.
Извор: Управа за финансиска полиција

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Скопје ќе се одржи првиот Филозофски фестивал за средношколци во Македонија
Кривична пријава за затворски полицаец, затекнат е при продажба на дрога додека бил на работа
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста