БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крмов за новиот претседател на Македонското Собрание: Африм Гаши ќе биде полош спикер и од Талат Џафери

Пренеси го гласот

Во текот на првата конститутивна седница на новиот парламентарен состав пратеникот на Левица Борислав Крмов кој што како единствен кандидат од листата на изминатите парламентарни избори влезе во парламентот од Третата изборна единица, ги изнесе неговите размислувања зошто предложениот а потоа и избраниот нов собраниски спикер Африм Гаши не е добро решение за ПП Левица.

Крмов како и останатите говорници од Левица по некаков шаблон направи кратка ретроспектива на минати ангажмани на Африм Гаши.
 
– Човекот не се појавуваше на седници. Можам на една рака да избројам колку пати го имам видено на седници да дојде. Нема човекот искуство како координатор, нема искуство како Претседател на комисија. Човекот четири години нема земено збор

-рече во својата дискусија Борислав Крмов.
 
Според Крмов, со ваквиот избор, ВМРО-ДПМНЕ ги надминува и привилегиите кои ги има албанската етничка заедница со капитулантскиот Рамковен договор и констатираше дека од коалицијата ,,Вреди”, единствено, ги интересира престижот што го носи функцијата и етничкиот признак.
 
– Сигурен сум не знае во што се впушта! Има да направи хаос. Не е свесен колку таа функција е одговорна и колку има таму работа. Го интересираат престижот на функцијата (функцијата не е само пиење виски и пушење пури) и етничкиот предзнак. Од ,,Вреди” јасно кажаа дека барале тоа да им припадне на Албанците и тука нема ништо политичко “

-му предвиде Крмов на новиот собраниски спикер.

Во дискусијата на Борислав Крмов како и останатите говорници на ПП Левица беше забележлив високиот тон на говорење и интензивната гестикулација на телото за време на говорот, што ги чинеше различни од дискусиите на останатите говорници од собраниската говорница.


Пренеси го гласот