БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Паднаа маските до земја: Левица како “сканк гарда” на СДСМ и ДУИ се фати во костец со ВМРО-ДПМНЕ оти СДСМ би биле смешни и очајни тоа да го прават

Пренеси го гласот

Реториката која што СДСМ во изминатиот период 2020-2024 година не можеше да ја искаже- префрлајки ја таа улога на Левица, дали во внатре- коалициската битка за превласт со ДУИ која што партијата под лидерство на Ковачевски убедливо ја изгуби, или во пресметката со ВМРО-ДПМНЕ спуштајки го нивото на дискусија во парламентот, вчера доживеа стабилно продолжение во рамки на првата собраниска конститутивна седница.

Од она што беше видливо за целокупната јавност што сакаше да ја проследи седницата на Македонскиот парламент во текот на вчерашниот ден беше логично следство на претходната тајна соработка меѓу СДСМ, ДУИ и Левица. Сите три политички партии кои што водат идеолошка генеза од некаков соц-романтизам на минатиот век во основа си личат една на друга, со шареноликост на методите на нивното делување.

Додека на седницата која што заврши со избор на Африм Гаши за Претседател на Македонското собрание, малкумината избрани пратеници од СДСМ и нивната Коалиција “мудро” и мадро молчеа во клупите од левата страна на телевизиските екрани, улогата на главен критизер за изборот на Гаши за спикер на парламентот ја превземаа шестмината пратеници на Левица. Со вокабулар кој што не личи на пратеници забележлива беше неконтролираната емоција и одредена доза на возбуда но и хаотичност во аргументацијата на пратениците на Левица кои што се членови на највисокото работно тело на оваа политичка партија.

И тоа почнувајки од претседателот Димитар Апасиев сите останати пратеници го следеа истиот шаблон на дискусија работен како по учебнички книги:

-На почетокот дискусијата на сите пратеници на Левица започнуваше со некаква летаргична ретроспектива на политичката кариера на Африм Гаши, -проткаена со редовен напад на ВМРО-ДПМНЕ, -во кој пратениците на Левица не бираа зборови и дијалектика надвор од секакво интелектуално ниво, -за да кон крајот нивните дискусии да завршуваат со кревање на гласот до ниво на неподносливост и експлицитни гестикулации со телото, рацете и изрази на лицата.

Притоа понудените аргументи од страна на пратениците на Лавица стандардно беа обоени со површни тези и делумни факти, со длабоки недостатоци во суштината и квалитетот на нивните дискусии, “квалитети” кои што беа заменувани со гласниот и експлицитен речник кој што не доликува на законодавен дом.

Она што најмногу изненади во дискусиите на пратениците на Левица е реториката на генералната секретарка на Левица Јована Мојсовска чии што зборови, кои нема да ги пренесам во овој текст, се на ниво на уличарска терминологија и простачко изразување што секако е новитет во парламентарната демократија во Македонија.

Ваквиот пристап на комуникација на Левица во највисокиот законодавен дом и пред целата Македонска и светска јавност е блед обид за привлекување внимание и предизвикување одговор од страна на парламентарното мнозинство, кој што е повеќе од штетен во актуелните политички состојби во државата, до ниво на обид за дискредитација на општа политичка дискусија во државата.

Секако ова своевидно “шоу” на висок тон и мавтање со рацете е најмалку потребно на граѓаните на Македонија во моментов, кои што во доминантен број укажаа огромна поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција на изминатите избори со што на најдобар демократски начин ги осудија штетните политики на СДСМ и ДУИ но и политиките на Димитар Апасиев и неговиот Президиум, чија што политичка манифестација несомнено ќе продолжи на ваков начин и во иднина.

bregalnickimarketing

Изборот на Африм Гаши за Претседател на Собранието е далеку подобро решение од претходниот избор на Таљат Џафери кој што на најбрутален начин беше дел од најтемните страници на Македонската современа историја. Тоа секако не му дава за алиби на Гаши во иднина да се “заборави” себеси во претседателската функција, за што будно ќе биде следен од јавноста но и од парламентарното мнозинство во претстојниот мандат.

Од друга страна за очекување е т.н. турбо фолк политика на Левица во наредниот период да се претвори во “сканк политика” која во некој предвилив временски период би требало повторно да биде вовед во некаква идна “шарена револуција” за дестабилизација на државата и обид за повторно враќање на СДСМ и ДУИ на власт.

Забарикадираниот настап на пратениците на СДСМ и ДУИ во рамки на Конститутивната седница не е случаен! Нивната политика доживеа катастрофален пораз и било кој аргумент од страна на челниците на СДСМ во рамки на седницата ќе беше во најмала рака смешен а во одредана доза и очаен. И токму затоа не е случаен ниту настапот на пратеиците на Левица кои што на вчерашната седница делуваа како продолжена рака на целата опозиција на новиот парламентарен состав, провоцирајки го вниманието на јавноста и одговор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивото на развој на демократијата во 2024 година во Македонија е далеку понапредно од ретроградните елементи кои што ги понуди опозицијата предводена од Левица во текот на првиот собраниски ден на новиот парламентарен состав. Ваквото ниво е резултат на голем број минати искуства во кои што најцрното место го има т.н. Шарена Револуција која како инструмент послужи за дестабилизација на државата и инструментализирање на сите национално-штетни договори на меѓународен план но и брутален грабеш на државните ресурси на внатрешен план во државата.

Граѓаните на Република Македонија ваквото искуство го платија на најскап можен начин и како такво истото долги години ќе биде приказ за се она што е лошо и штетно за политичките околности во државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот