БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска во вечерните часови во Кочанско ќе се изврши третман од земја за заштита од комарци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 29 мај 2024 година, ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.

В среда, во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на  „Лиса ком МС“ од Кавадарци ќе ја реализира првата фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со која ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace