БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крушата идеален сојузник на секоја диета

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Крушата е средноевропско овошје, кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина.

Крушите со својата мека и помалку зрнеста текстура и бело­ кремава срцевина во минатото се нарекувале дар од боговите. Иако нивната типична сезона е од август до октомври поради сезонските варијации кај различните видови на круши тие можат
да се најдат свежи преку целата година. Крушите се вкусно и хранливо овошје на кое
единствено нешто што му недостига е вишокот калории. Исклучително богата е со растителни влакна, кои ја претвораат во идеален сојузник на секоја диета, а исто така го намалуваат и високото ниво на холестерол,што е исклучително добра вест за луѓето изложени на ризик од атеросклероза ,срцеви болести и дијабетес. Расте на различни почви но со доволно хранливи материи.

Антиоксидансот глутатион, кој се наоѓа во крушите, позитивно деjствува врз намалувањето на крвниот притисок, а го намалува и ризикот од појава на мозочен удар. Уште еден антиоксиданс од крушите – кверцетин, помага во превенцијата на рак.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во традиционалната медицина крушите уште многу одамна се користат за лекување на простатитис, кој е една од најчестите уролошки дијагнози на мажи помлади од 50 години. Чајот од листови од круша придонесува за исфрлање камен и песок од бубрезите и ја олеснува елиминацијата на бактериите од уринарниот тракт, а дејствува и врз воспалението на зглобовите.

Крушите помагаат против кашлица и треска. Варени и печени круши се користат за лекување на бронхитис.

Eдна круша со средна големина(160мг) содржи: само 100 калории, 6 грама растителни влакна, или 24% од препорачаната дневна доза за внес на растителни влакна. Имајте на ум дека голем дел од нив се наоѓа во лушпата, па затоа јадете ги со лушпа.
7 милиграми или 10% од дневните потреби за витамин Ц, 190мг или 5 % од препорачаната дневна доза за внес на калиум. Oд останати витамини и минерали во крушата по високата застапеност ги издвојуваме и витаминот Е, витаминот К, витаминот Б2 (рибофлавин), бакарот, манганот и магнезиумот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace