Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево излегоа во јавноста со кратка поема во која се пее за лагите на Градоначаникот Горан Трајковски кон жителите на Делчево
“-вЕТУВАЊА ли се ветувања, градоначалнички маки големи…
Стани си еднаш градоначалник-излажи,
па посакај и втор мандат да долажеш.
Ој ти програмо предизборна и вие што ракоплескате на лагите,
заборавете на зборовите минати, и на џебовите скинати
зошто Гоката има нови лаги во иднина , оставете тоа што мина.
Од Разловци до Илиово
од Чифлико до Полето,
нели животот дојде па сега реинкарнација се спрема.
Роди се делчевец, бугарин стани,
роди се човек, партиски клиент биди…
За корка сува леб излези, во Европска Македонија пеј си…
Ако зејтинот на рафтовите мувла фати,
ветувања на шефот ги сфати.
Лага до лага, за сопствениот му џеб,
не давајте да поскапи и сувиот ни леб.
(Стиховите се плод на имагинацијата на еден просечен делчевец и секоја сличност со вистинските ликови е ненамерна)”
-стои во објавата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена