БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во еден мандат општинските власти на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедат бесплатен приклучок на евтин енергенс гас

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката Жаклина Пешевска денеска на прес конференција од Македонскиот парламент презентираше дел од концептот “Македонија за сите луѓе” со кој ќе ја бара довербата на граѓаните на претстојните избори.

Станува збор за обезбедување на поевтина струја за граѓаните, и гас како евтин енергенс за секое домаќинство во државата.

“Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе обезбеди поевтина струја, бесплатен приклучок на гас за домаќинствата и здрава животна средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-ВМРО-ДПМНЕ има план како да го продолжи животниот век на термоелектраните во Битола и Осломеј до 2040 година, тоа ќе значи поголемо производство на струја и поевтин енергенс за домаќинствата. Продолжувањето на животниот век на двете термоелектрани ќе ги зачува и работните места на илјадници вработени во двата комбината, кои нема да останат без работа, што ќе се случи ако СДСМ остане на власт. Со ВМРО-ДПМНЕ и ќе се зачуваат работни места и ќе има поевтина струја. Ќе ја смениме тажната реалност и тоа што во 21 век Македонија се уште нема гас за домаќинствата.

Таа додава дека во еден мандат општинските и градските власти од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедат бесплатен приклучок на гас, а планот е и до 50% од домаќинствата да имаат пристап до овој енергенс за 4 години.

-Со воведување на гасот и исфрлање на тврдите горива за греење ќе се намали загадувањето на воздухот и ќе се подобри животната средина. Со концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе ја развиваме Македонија”.

-соопшти пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace