БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Талентираната и млада пејачка Лара Иванова, која го привлече вниманието на јавноста со музичките песни „Ремек Дело“, „Некогаш ќе помине“, „Цвеќе на тагата“, „Душа“ и многу други, на овогодинешното издание на Макфест, ќе го претстави новиот дует кој носи наслов „Bella“. Овој музички хит во најава, е соработка со македонската трап ѕвезда Пајак.

Песната зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат. „Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно…“, пеат Лара и Пајак,а позади текстот и музиката стои токму потписот на „Пајак“. Аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо.

Пајак веќе долго време соработува со познатата продукција „Urban Records“, а неговите хитови „Ноќва“, „Срце“, „Проблем“ и многу други, имаат милионски број прегледи, што го потврдува фактот дека овој млад пејач го очекува светла иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тизерот за „Bella“ е веќе објавен, а официјалната промоција на песната и спотот кој е во финални подготовки, ќе може да ги слушнете и погледнете на 22ри октомври, на втората фестивалска вечер на Макфест.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace