Жителите на Штип добија уште една новоасфалтирана улица. Во текот на вчерашниот ден се изврши асфалтирање на улицата “Кратовска” во штипската населба Дузлак, каде што жителите преку оваа нова улица добија подобри услови за живот во нивното секојдневие.
Реализацијата на овој проект е еден од мноштвото проекти кои што градоначалникот на Штип Иван Јорданов ги има ветено и ги реализира за своите сограѓани кои му ја дадоа поддршката да ја води општината пред само една година.
И покрај наметнатата криза присутна во државата локалната самоурава во Штип предводена од градоначалникот Јорданов успева да ги реализира предвидените проекти со добар менаџмент и кастрење на непродуктивните трошоци во оштината.
“Со домаќинско планирање на средствата, имаме одлична реализација на проектите, кои се на барање од граѓаните!
Жителите на ул.Кратовска во населба Дузлак, веќе имаат реконструирана улица која ќе им овозможи полесно секојдневно функционирање и подобрување на инфраструктурниот изглед.
Проектот во вредност од околу над 600.000,00 денари, со средства обезбедени од Буџет на Општина Штип, е само еден од низата на остварени ветувања кон граѓаните.”
-информираше градоначалникот Иван Јорданов за јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда
Туристичките работници убаво да се подготват за зголемен прием на турските туристи на Охридскиот аеродром за наредната сезона