Интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на ООУ “Малина Попиванова” од Кочани по повод јавните обвинувања за дискриминација кои беа пласирани во јавност од страна на поединци но и од страна на портали и медиуми, еднострано без можност за училиштето да ја соопшти својата страна од ситуацијата.
“Во врска со настанатата ситуација и објавените видеа на социјалните мрежи и на дел од медиумите, од родител на ученичка, во нашето училиште ООУ,,Малина Попиванова,“ Кочани, во кои директно е нападнат интегритетот на училиштето и вработените би сакале да Ве информираме дека :
Во училиштето ООУ,,Малина Попиванова“ Кочани не се врши ниту пак некогаш се вршело омаловажување и дискриминација на учениците по ниту еден основ.Во училиштето на ниту еден ученик не му е забрането, ниту имало забрана за посета и следење на наставата во случај на носење на марама кај ученичките.Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека за ученичката која се споменува во конкретниот случај ниту е дискриминирана ,ниту е навредувана ,ниту имала забрана за посета на наставата.
Приказната која кружи на социјалните мрежи и дел од медиумите е невистинита ,навредлива и понижувачка за целиот образовен процес кој се одвива во училиштето.
Воедно нагласуваме дека се работи за еднострано дадена изјава без да се сослуша и другата страна во случајот.
По објавување на видеата од страна на родителот на ученичката директно се загрозува идентитетот на лицата кои се споменуваат, и со тоа се загрозува безбедноста и сигурноста на вработените и на нивните семејства.
ООУ,,Малина Попиванова“ од Кочани отсекогаш било препознатливо како училиште по одличната соработка и мегуетничка интеграција и досега не постои ниту еден случај на дискриминација и омаловажување на учениците по било која етничка ,верска или друга припадност.”
-стои во соопштението упатено до јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година